Мурињо: Сега веќе е потребно чудо, да се најдеме на врвот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо призна дека неговиот клуб оваа сезона тешко ќе може да се уигра меѓу четирите најдобри екипи.

Покрај тоа што Јунајтед веќе поприлично заостанува зас тимовите од врвот на табелата, општиот впечаток е дека „Црвените ѓаволи“ немаат доволно квалитети да им парираат на најсилните. На тоа во прилог одат и некои порази во дерби натпреварите оваа сезона.

„Изминатата сезона истакнав дека е фантастичен успех што завршивме втори, имајќи предвид на квалитетот кој го поседуваат останатите тимови од врвот со кои се боревме“, започна Мурињо и продолжи:

„Оваа година имаме уште повеќе проблеми. Знаевме дека ќе биде така и пред да почне првенството. Сега ни преостанува да освоиме што е можно повеќе бодови, но малку е да се каже дека ни е потребно чудо да завршиме меѓу четирите најдобри екипи на крајот од сезоната“.

Инаку, Мурињо, неодамна изјави дека Јунајтед мора да ја поправи формата и до декември да биде меѓу четирите најдобри екипи, но изгледа дека во меѓувреме работите значително се променија.

Манчестер Јунајтед по 14 кола го зазема седмото место со 22 бода, осум помалку од петтопласираниот Тотенхем и четвртопласираниот Арсенал, кој ја држи позицијата која води во Лигата на шампионите.