Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Жозе Мурињо е на мета на критики на навивачите поради слабите игри на Манчестер јунајтед, а ниту управата не му ја дава потребата поддршка на тренерот.
Наводно, Португалецот се налутил и им се доверил на своите пријатели дека би си заминал доколку предводел некој друг клуб.
Мурињо не е задоволен со критиките на навивачите и тоа што не добива доволно поддршка од Ед Вудворд, па интересно ќе биде што ќе се случува со него во иднина.
Инаку, обложувалниците во Англија претпоставуваат дека тренерот на „црвените ѓаволи“ ќе го напушти „Олд Трафорд“ уште пред крајот на сезонава.