Мурињо со нов интересен план: Де Хеа ќе го замени со уште подобар голман!?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Жозе Мурињо не го предводи Манчестер јунајтед баш најдобро и сезонава, па тешко дека може да се бори за титулата во Премиерлигата.

Португалскиот стратег има проблеми со управата, која не му исполни неколку желби во летниот преоден рок, но сега би можеле да го направат тоа во јануари.

Во моментов главна задача на управата на „црвените ѓаволи“ е да го продолжи договорот со голманот Давид Де Хеа, но Шпанецот нема намера да стави потпис на нова соработка, додека не ги дознае амбициите на клубот.

Де Хеа има договор до 2020 година, па доколку не потпише нов наскоро, тогаш Мурињо нема да го чека него и ќе се обиде наредното лето да го ангажира Џордан Пикфорд од Евертон.

Англискиот голман брани фантастично во дресот на „карамелите“, па би можел да направи голем трансфер и чекор напред во својата кариера.