Мурињо со реакција по победата над Лестер: Ми требаа шест замени


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со победа ја отвори новата сезона во Премиер лигата откако со 2:1 славеше против некогашниот шампион, Лестер.

Тренерот на „Црвените ѓаволи“ истакна дека му било многу тешко да игра со тим во кој дел од играчите биле истрошени од Светското првенство. Токму поради тоа Мурињо смета дека оваа победа е многу значајна за сите во Манчестер Јунајтед.

„На овој натпревар ми требаа шест измени, не три. Три не беа доволни за мене. Сакав да го ставам Марсијал на местото на Мата или Алексис, но не можев. Погба не можеше да игра 90 минути, Фред исто така. Ми требаа повеќе замени, но не можев да го сторам тоа и затоа не беше лесно да се гледа натпреварот од аут линијата.

Тимот играше како тим во овие тешки моменти. Пол Погба беше фантастичен, неговиот придонес беше неверојатен, но неговата сила исчезнуваше како што одминуваа минутите, па бевме во неволја по што мораше да влезат Скот Мектомини и Маруан Фелаини“- коментираше Мурињо.