Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Жозе Мурињо во 2008 година требало да го замени Франк Рајкард, а сите членови освен Хуан Лапорт биле за негово ангажирање.
Во тоа време, каталонскиот гигант уште се рехабилитираше од губењето на титулата во Ла Лига од Реал Мадрид.
Инаку, Пеп Гвардиола тогаш го тренирал Б-тимот на Барселона и имал големо влијание.
По презентацијата пред управата на Барселона, тие решиле да го постават Гвардиола на тренерската позиција на првиот тим и таа одлука на крајот им се исплатеше.
„Тоа беше долг процес, зашто членовите на одборот го сакаа Мурињо и ни велеа дека мора да најдеме тренер, кој ќе донесе резултати. Го прашав Гвардиола дали е подготвен, па тој кажа дека би бил добро решение и го вработивме“, објасни Лапорт.