Мурињо уште еднаш потврди дека преговорите со Де Хеа ќе завршат позитивно


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо е убеден дека Манчестер Јунајтед и Давид Де Хеа ќе си подадат рака за нов договор за голманот.

Мурињо на денешната прес конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Саутемптон истакна дека Шпанецот сака да остане во клубот, а дека тоа го сакаат и луѓето во  Манчестер Јунајтед.

„Тој сака да остане, секако јас сакам да остане. Тој е на ниво кое на Манчестер Јунајтед му треба. Манчестер Јунајтед има потреба од најдобрите играчи во светот. Го имаме најдобриот голман во светот. Секако, менаџерот сака да остане, а и одборот сака да остане. Давид сака да остане, а и неговиот агент сака да го стори тоа што му е желба и не го притиска за трансфер“ –коментираше Мурињо.