Мурињо ја подготви листата: Овие фудбалери ќе заминат од Манчестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на почетокот на оваа недела го комплетираше трансферот на Алексис Санчез, кој пристигна од Арсенал додека во спротивна насока замина Хенрик Михтаријан.

Неколку дена по тој трансфер, навивачите на Јунајтед добија добри вести откако Мурињо одлучи да го продолжи договорот со „ѓаволите“, а сега Португалецот има планови за наредната сезона и јасно е дека ќе биде активен на трансфер маркетот.

Според англиските медиуми, Мурињо веќе се откажал од неколку фудбалери. Тоа сигурно ќе бидат Лук Шо и Матео Дармијан, кои не го импресионираа тренерот на „ѓаволите“, а за следната сезона не е сигурен ниту Антонио Валенсија, кој игра одлично оваа сезона.

Исто така, со доаѓањето на Алексис јасно е дека ќе има заминувања и од нападот. Златан Ибрахимовиќ најверојатно нема да остане, откако ќе му заврши договорот, а не се знае ниту што ќе се случи со Ентони Марсијал, кој игра многу добро во последно време.

Португалскиот тренер најави и четири засилувања за екипата, но не ги објави нивните имиња.