Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Манчестер јунајтед ќе троши многу пари на засилувања летово. Од управата Мурињо доби 300 милиони евра и последна шанса да направи нешто со клубот.
Мурињо го сака Тоби Алдервејрелд од Тотнем, кој би требало да ги чини 90 милиони евра. На бековските позиции ги сакаат Далот од Порто и Кансело од Валенсија, па вкупно би требало да потрошат 130 милиони евра.
Во средината ќе пристигне Фред, кој ќе чини околу 60 милиони евра, па тие се заинтересирани за Головин и Пелегрини (40 милиони), а доколку пристигне еден од нив, стигнуваме до сума од 230 милиони евра.
Во нападот сакаат да се засилат со Вилијан од Челси, но и Арнаутовиќ е опција, па би требало да платат за еден од овие двајца околу 60 милиони евра, па вкупната сума ќе изнесува речиси 300 милиони евра.















