Мустафи: Се плашев од Михајловиќ бидејќи тој е Србин, а јас сум Албанец…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи, во разговор за странските медиуми се сети на соработката со Синиша Михајловиќ.

Мустафи со српскиот тренер соработуваше кога во Италија играше за Сампдорија. Кај него многу созреа како играч, но во почетокот, кога дозна дека Миха ќе му биде тренер, не бил задоволен.

„Се плашев од него. Јас сум Албанец, а тој е Србин. Сепак, токму тој беше тренерот кој ми даде самодоверба, ме натера да пораснам како фудбалер. Од сите тренери кои ги имав, мислам дека Синиша беше вистинскиот за мене во тој момент“, кажа Мустафи.