„Му даде црвен картон поради повлекување за коса? Па, не сме жени…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Црвениот картон за Кристијано Роналдо во текот на дуелот помеѓу Валенсија и Јувентус (0-2) уште е главна тема во светските медиуми.

Интересен коментар за инцидентот даде и Емре Џан, кој смета дека Роналдо не заслужил црвен картон, а тоа го објасни на интересен начин.

„Дали требаше да биде црвен картон? Дознав дека е тоа поради повлекувањето за коса. Па, не сме жени, оставете да играме фудбал. Ако секојпат за таква работа се дава црвен картон, тогаш треба после секој прекршок да исклучувате фудбалери“, кажа Џан.

Иако остана со десет играчи, Јувентус ја победи Валенсија во гости со 0-2.