Му заврши кариерата? Болт си мислел дека е Меси, па побарал милионска плата!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот атлетичар од Јамајка, Јусеин Болт, наводно бил исфрлен денеска од екипата на Централ Коуст маринерс.

Странските медиуми пред неколку дена пишуваа дека Болт наскоро ќе потпише професионален договор со клубот и ќе добие право да настапува, но очигледно тоа нема да се случи.

Новинарот на „Фокс“, Даниел Гарб пишува дека одбивањето на понудата поради финансискиот дел од договорот ги натерало Австралијците да го избркаат од клубот.

Наводно, тие му понудиле 150.000 долари по сезона, но Болт не сакал да ја прифати понудата и барал дури три милиони евра.

„Нема да потпише договор. Парите се проблем, но и несложувањата со тренерот“, соопштил новинарот.