Му недостига ли Роналдо на Реал? Трибините на „Бернабеу“ го даваат најдобриот одговор!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште летоска Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јувентус, а ако некој помислил дека „кралевите“ лесно ќе закрепнат по неговото заминување, тогаш се – измамил.

Многумина веруваа дека Реал брзо ќе се врати во форма и без Роналдо, односно нема да се чувствува неговото отсуство, но статистиката за посетеноста на „Сантијаго бернабеу“ го кажува своето.

Против Рајо Валјекано вчера имаше само 55.229 гледачи, а тоа е само 68% од вкупниот капацитет на стадионот, кој може да собере 81.044 гледчаи.

Ова е трета најлоша посетеност на стадионот на Реал сезонава. Помалку луѓе го гледаа клубот против Мелила во Купот (55.243) и против ЦСКА во Лигата на шампиони (51.636).

Од 12 натпревари на домашен терен, „Бернабеу“ ја надмина бројката од 70.000 гледачи против градскиот ривал Атлетико Мадрид, кога имаше 78.642 гледачи.ѓ

Покрај Роналдо, „Марка“ причини за слабата посетеност на стадионот пишува дека е промената на тренерот, зголемените цени, недостатокот на новите ѕвезди…