Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Индијан Велс, откако загуби од Филип Колшрајбер со 0-2 во сетови, односно 4-6 и 4-6.
Србинот не можеше да му се спротистави на Германецот, па во некои моменти од мечот беше забележана голема нервоза.
Ѓоковиќ беше нервозен затоа што не можеше да го сврти мечот во своја корист, а неговиот бес го истури врз рекетот, кој го искрши со него по серија загубени поени во првиот сет од мечот.
Racquet foot smash! ? (?@TennisTV) #BNPPO19 #djokovic @BNPPARIBASOPEN pic.twitter.com/W6TMYAcGWk
— Baseline Highlights (@blhighlights) March 12, 2019
Мора да признаеме дека одамна го немаме забележано Србинот толку нервозен, па очигледно не му беше денот.