Навивачите во транс: Роналдо планира да донесе уште еден играч на Реал во Јувентус!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус очигледно не заврши со трансфери за летово, а тоа го потврди и Павел Недвед.

„Старата дама“ од Торино направи големи трансфери, а најзвучно дефинитивно е доаѓањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

Набрзо од редовите на актуелниот европски шампион би можел да замине и Марсело, кој е желба одамна на „бјанконерите“.

Меѓутоа, неговото доаѓање ќе значи и заминување на Алекс Сандро. „Л`екип“ пишува дека во наредните денови ќе се обиде да го заврши трансферот. Ако Сандро замине, тогаш Јуве ќе тргне по потписот на Марсело.