Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Спортинг Лисабон, Брун Де Карваљо, објави на Фејсбук дека ќе замине од екипата, откако навивачите изгласаа недоверба.
Дури 71% од навивачите кажале дека сакаат Карваљо да ја напушти претседателската позиција. Клубот имаше лош крај на сезоната, откако хулигани нападнаа неколку играчи, па дури деветмина од нив го напуштија клубот.
Незадоволството е сè поголемо кај навивачите, па поради тоа Карваљо немаше друго решение освен да соопшти дека ќе замине од екипата.
Клубот, чиј нов тренер е Синиша Михајловиќ, до избор на нов претседател на осми септември, ќе биде воден од привремен комитет.