Навивачите на Барселона бараат оставка од Валверде


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона веќе четири натпревари во Ла Лига не знае за победа, па навивачите на каталоснкиот великан полека го губат трпението со тренерот Ернесто Валверде.

После ремито со Валенсија, Барселона го препушти врвот на табелата на Севиља.

Навивачите не се задоволни од играта на тимот и бараат промени, како на стадионот така и на социјалните мрежи.

Навивачите беа лути поради фактот што во мечот против Валенсија, Валверде не направи замена до самиот крај.

Валверде имаше објаснмување зошто не направи ништо да ја освежи екипата.

„Ништо не менував до самиот крај, бидејќи верував дека играчите кои се на теренот ќе донесат победа.“, изјави тој.

Овој стручњак е на клупата на Барса од минатата година и во првата сезона ја освои Ла Лига, Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.