Навивачите на Барселона во шок: Еден од нивните играчи сака да си замине!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Паулињо минатото лето го изненади цел свет со трансферот од Кина во Барселона.

Управата на Барселона ги изненади навивачите со одлуката да го купи Паулињо од Кина, но се покажа како добар потег. Бразилецот одигра добра сезона во дресот на каталонскиот гигант.

Сепак, Бразилецот повторно успеа да ги шокира навивачите на Барселона, откако потврди дека постои можност летово да го врати во Кина.

„Заминувам во Барселона со менаџерот да разговараме за понудата. Имам понуда од Кина и уште еден европски клуб, но тоа не значи дека ќе ја напуштам Барселона. Мора да разговараме со управата и да видиме што ќе се случи“, вели Паулињо.

Овој 29-годишен фудбалер во Барселона пристигна за 40 милиони евра, а на 49 настапи успеа да постигне девет гола.