Навивачите на Барселона ќе бидат разочарани со изгледот на резервните дресови (ФОТО)

Барселона во текот на репрезентативната пауза реши да ја претстави третата гарнитура на дресови за новата сезона.

Каталонците пред почетокот на сезона ги претставија домашните и гостинските дресови, а денес официјално го објавија изгледот на резервната гарнитура.

На дресовите на Барселона доминира розева боја, а тоа не ги воодушеви навивачите, па веднаш почнаа критиките на нивниот изглед.