Навивачите на Кардиф со специјална порака посветена на Сала (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот Емилијано Сала пред неколку дена потпиша договор со Кардиф, а стигна од француски Нант како најскап фудбалер во клупската историја и беше платен 17 милиони евра.

Меѓутоа, несреќата со авионот во кој Сала патуваше кон Кардиф ги загрижи навивачите, а шансите напаѓачот да преживеал се речиси никакви.

Навивачите ширум светот се простуваат од Аргентинецот. Секако, посебно тие на Нант, а од својот несуден напаѓач се простија и навивачите на Кардиф.

„Никогаш не те видовме како играш, не те видовме како постигнуваш голови, но Емилијано, наша птицо сина, ќе те сакаме засекогаш!“, порачаа навивачите.