Навивачите на Манчестер Јунајтед повторно го „палат“ авионот: Еве каква порака ќе лета на натпреварот против Барнли


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фановите на Манчестер Јунајтед уште еднаш планираат да закупат авион и на натпреварот против Барнли, на „Турф Мур“ да испратат порака преку која ќе побараат заминување на Ед Вудворд.

Се верува дека на пораката која ќе ја носи авион и кој ќе надлетува над „Турф Мур“ ќе пишува „Ед Аут- ЛУХГ“. Скратеницата ЛУХГ навивачите на клубот ја користат против сопствениците, Глејзер кои долго време се први луѓе на Манчестер Јунајтед.

За прв пат авион со порака навивачите на Манчестер Јунајтед употребија во 2014 година кога Дејвид Мојс беше тренер на клубот. Тогаш пораката гласеше „Погрешен- Мојс Аут“, и по само еден месец Мојс доби отказ од Манчестер Јунајтед.