Навивачите на Милан го „нападнаа“ Галијани: ОСТАНИ!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    До пред неколку месеци го сметаа за најголем виновник а сега го сакаат во тимот. Се менува климата во црвено-црниот дел на Милано.

    Галијани имаше лоша трансфер политика. И ова лето купи некои играчи кои не ветуваа, но излезе спротивното. Милан е изненадувањето на сезоната во Серија А.

    Ефтините засилувања засега го победија големиот Јувентус, извадија реми со Интер, победуваат се пред себе.

    Синоќа Адријано Галијани доживеа после победата над Емполи навивачите го гушкаа и му велеа да остане.

    Галијани изјави дека ќе се повлече кога Кинезите ќе дојдат, бидејќи не сака друга функција во овој тим.