Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес НБА тимот на Оклахома соопшти информација која и тоа како ги загрижи навивачите на клубот. Расел Вестбрук го оперираше коленото.
Тој веќе некое време имаше проблеми со десното колено, па се одлучи на оперативен зафат со цел да го реши својот проблем.
Како што порачаа од тимот, операцијата помината успешно, а сега е време за опоравување.
Вестбрук сигурно ќе ги пропушти предсезонските активност на својот тим, а неговата ситуација повторно ќе се проценува за четири седмици.
Иако постои реална шанса тој да биде подготвен за почетокот на новата сезона, погласни се оние кои тврдат дека тој ќе го пропушти стартот на новата НБА сезона која започнува на 16. октомври.