Навивачите на Реал избраа кого сакаат како замена за Роналдо!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Со заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, навивачите решија да побараат негова замена, која би требало да ја надополни празнината во екипата.

Губењето на Роналдо не е лесно, а една од наводните замени е Еден Азар, меѓутоа навивачите размислуваат поинаку од управата.

Во анкета која ја направи „Марка“, навивачите на „кралевите“ гласаа да пристигне во екипата Хари Кејн, кој доби повеќе гласови од Едисон Кавани, Мауро Икарди, Роберт Левандовски, Алваро Мората…

Сепак, очигледно нема да им се исполни желбата бидејќи Кејн неодамна потпиша нов договор со англискиот гигант, па Азар е во моментов најголемата желба на управата за замена на Роналдо.