Навивачите се зачудија: Емери откри како учи англиски

Тренерот на Арсенал, Унај Емери откри дека учи англиски јазик преку гледање на серијата „Бирмингемска банда“.

Шпанецот првпат работи во Премиерлигата, откако претходно ги предводеше тимовите во Ла Лига и Лига 1.

„Гледам серии за да го подобрам својот англиски. Бирмингемска банда е многу добра. Тешка е поради акцентот, но сепак е одлична“, кажа Емери.

Емери откри дека гледа фудбалски натпревари кога нема да пушти некоја серија.

„Не мислам дека сум опседнат, но тоа е мојата работа, но и хоби. Чувствувам страст кон фудбалот и целосно сум му посветен“, кажа Шпанецот.