Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус на крајот на сезоната ќе се прости со Џанлуиџи Буфон, кој ќе замине во пензија.
Улогата на прв голман од Буфон ќе ја превземе Војчек Шчесни, а Јувентус размислува да ангажира втор голман за новата сезона.
Медиумите пишуваат дека нов член на екипата ќе стане голманот на Болоња, Антонио Миранте, искусен 34-годишен чувар на мрежата, кој ја почна кариерата во Јувентус.
Миранте ќе биде следен од скаути на екипата, па можеби ќе добие шанса да се врати во Торино, односно екипата на „старата дама“.