Навивачи организираат парада затоа што Томпсон го удрил Дрејмонд Грин


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Можеби звучи лудо, но навивачите на Кливленд кавалирс сакаат да организираат парада за да покажат колку го почитуваат тоа што центарот на екипата Томпсон го удрил Дрејмон Грин.

Не е познато што се случило на една прослава на Леброн Џејмс, но наводно Томпсон го удрил кошаркарот на Голден Стејт, а оваа информација ги израдува навивачите на Кливленд.

Според случувањето кое се организира преку Фејсбук, навивачите на Кливленд во „чест“ на удирањето на Грин на 13. октомври во 15.10 ќе одржат парада пред нивната сала.

Датумот е избран поради дресот на Томпсон на дресот, додека часот е посветен на победата против Голден Стејт во финалето во 2016. година.