Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го совлада Бјорн Фратанџело од Америка со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-2, па така обезбеди пласман во следното коло од турнирот во Индијан Велс.
Србинот славеше со 2-0 во сетови, иако во првиот меч Американецот го измачи, сепак во вториот сет беше решен победникот и тоа набрзина.
Веднаш по мечот Ѓоковиќ се дружеше со навивачите, кои сакаа автограм од Србинот. Во еден момент, додека потпишуваше големо топче, некој од публиката го погоди со друга топка во глава. Интересно е тоа што Србинот не реагираше на тоа.
Not even a flinch…?@DjokerNole #BNPPO19 pic.twitter.com/PKDV9sFQd0
— Tennis TV (@TennisTV) March 10, 2019
Да потсетиме, Србинот во третото коло од Индијан Велс ќе игра против Филип Колшрајбер од Германија, кој го изненади Ник Кирјос во второто коло и го совлада со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4.