Навивач на Вест Хем се обиде физички да ги нападне играчите на Челси!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси го победија Вест Хем на гостувањето со 2:1.

Челси до предност стигна во 25-та минута кога по одлична контра и асистенција на Педро мрежата ја затресе Азар.

Потоа Челси тргна да го прослави голот, но доживеаа голема непријатност.

На теренот втрча еден од навивачите на Вест Хем кој сакаше физички да ги нападне фудбалерите на Челси, но обезбедувањето реагираше во вистински момент.