Навивач на Ливерпул очаен: Ве молам одете си дома


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На навивачите на Ливерпул како да не им беше доволно што изгубија од Црвена ѕвезда со 2:0, а проблемите продолжија и после натпреварот.

Од безбедносни причини вообичаено гостинските навивачи чекаат да се разотиде домашната публика како би биле пуштени од стадионот, но навивачите на Ливерпул синоќа добро се изначекаа да го напуштат стадионот во Белград.

Поголемиот број на навивачите на Црвена ѕвезда ја напуштија Маракана непосредно после натпреварот, но не сите.

Поголема група на Делиите остана на северната трибина каде половина час ја пееја песната Pavkov’s on fire, што беше сол на раната за гостите од Англија.

Делиите на стадионот се задржаа подолго отколку што беше планирано што автоматски ги задржа и навивачите на Ливерпул кои едвај чекаа да ја напуштат Маракана, па еден од нив објави кратко видео од навивањето на север и напиша:,,Само одете си да можеме и ние да си одиме”.

Наводно навивачите на Ливерпул на излезот од стадионот чекале отприлика час и половина што веројатно не е забележано до сега.