Навистина неверојатно: Милан за нов газда ќе добие богат навивач на Јувентус!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан има големи проблеми со финансиските долгови и со УЕФА, па наскоро ја очекуваат нивната одлука.

Иднината за „росонерите“ не е позната, но италијанските медиуми пишуваат дека наскоро газда на Милан би можел да стане Роко Комисо.

Италијанецот заработил големо богатство во САД, па сега неговата вредност се проценува на пет милијарди долари, но има еден проблем, а тоа е што Комисо е навивач на Јувентус.

„Пред 17 години бев поканет за да ја купам Рома. Имав и понуди од Пескара, Палермо, Катанија, Реџина… Но, сите ги одбив затоа што бев навивач на Јувентус“, открива Комисо.

Дали навистина ќе го преземе италијанскиот гигант, кој има многу проблеми во последните години, ќе дознаеме во наредниот период.