Надал во два сета го победи Зебаљос – На патот до титулата му остана уште Тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона го победи Хорасио Зебаљос, 2:0 во сетови.

Шпанецот во првиот сет направи еден брејк и тоа беше доволно за добивање на сетот. Брејкот го направи во четвртиот гем кога на Зебаљос не му дозволи да освои поен. 6:3 во првиот сет за Надал.

Надал и во вториот сет направи еден брејк. При резултат 4:4 девет кратниот освојувач на турнирот во Барселона го одзеде сервисот на аргентинецот, а потоа на свој сервис не дозволи изненадување, 6:4.

Во финалето Надал на АТП турнирот во Барселона ќе игра против Доминик Тим.