ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Шпанецот Карлос Моја, тренерот на Милош Раониќ, верува дека неговиот сонародник Рафаел Надал повторно може да игра на највисоко ниво.
Моја беше ментор на Надал порано, бидејќи и двајцата се од Мајорка.
„Оваа година не уживаше многу во тенисот бидејќи повредата дојде во најлош момент, баш тогаш кога играше добро. Комплицирано е со години да играте со болја и тогаш не можете ниту да уживате, но мислам дека има уште неколку добри години и дека може да биде број еден повторно.“
Раониќ со победа против Монфилс го започна турнирот во Лондон, а во текот на сезоната играше финале во Вимблдон и ½-финале во Австралија Опен.
„Очекував такво нешто – многу верував во него и мислев дека тоа е играч кој не е далеку да го исполни својот потенцијал. Не сметајќи ги септември и октомври, беше прилично добар оваа година. Сега е 4-ти, а има само 65 бодови помалку зад Вавринка, а тоа покажува колку е само силен.“