Надал: Мотивиран сум зашто ќе играм против најдобриот тенисер во свет!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рафаел Надал процени дека дуелите со Новак Ѓоковиќ го направиле подобар тенисер, па кажа дека се надева на уште еден возбудлив меч во финалето на Австралијан опен.

Шпанецот ќе го игра 25. финале на гренслем турнирот, а ќе се бори за 18. титула. Од друга страна, Србинот ќе го игра во финале по 24. пат, а ќе се бори за 15. трофеј.

Надал во Мелбурн освои само една титула во претходните пет финалиња, додека Ѓоковиќ славеше во сите шест, колку што одигра досега.

Во недела првиот и вториот тенисер во светот во финалето на Австралијан опен ќе се сретнат вторпат, а Ѓоковиќ славеше во 2012 година во меч, кој траеше пет часа и 53 минути.

„Можам да кажам дека уживам во ривалството со Новак и со Роџер. Се чувствувам среќен поради тоа што двајцата ме направија подобар тенисер. Во исто време, кариерат аја поминав со двајцата најдобри тенисери во историјата. Сите натпревари со Ѓоковиќ биле возбудливи, а се надевам дека таков ќе биде и овој“, кажа Шпанецот.