Надал на врвот, Ѓоковиќ со 455 поени помалку од Федерер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ остана на третата позиција на најновата АТП-листа со 6.445 поени.

Ѓоковиќ има 455 поени помалку од второтпласираниот Роџер Федерер, со кој заедно играше во тимот Европа на Лејвер купот во Чикаго.

Лидерот Рафаел Надал е недопирлив и има 8.760 бодови, но на азиската турнеја би можело да дојде до промена на местата затоа што Шпанецот поради повреда на коленото нема да учествува во Пекинг и Шангај.

Доминик Тим имаше напредок од осмата на седмата позиција, а Григор Димитров се „лизна“ едно место надолу.