Надал прави кам бек: Ќе означи нов старт во Абу Даби


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се враќа на тениските терени на крајот на оваа година.

Надал последниот меч го одигра на почетокот на септември на УС Опен кога во полуфиналето беше присилен да го предаде мечот на Хуан Мартин Дел Порто поради повреда на коленото, а се чини дека неговото закрепнување тече по планот, па Шпанецот ќе се врати кон крајот на оваа година во Абу Даби.

„Абу Даби е едно од местата на кои баш сакам да играм. Атмосферата е одлична бидејќи публиката е ентузијастична. Нуди можност за добар старт на сезоната“, истакна Надал.

За потсетување, Шпанецот падна на второто место на АТП листата, а во претходниот период ги пропушти турнрите во Пекинг, Шангај, Париз и Лондон.

За крај додаваме дека турнирот во Абу Даби е на распоредот од 27. до 29. декември.