Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал ќе се врати на теренот на Мастерсот во Монте Карло по повредата, а тоа го потврдија организаторите на турнирот.
Надал поради проблеми со коленото минатата недела го предаде полуфиналето во Индијан Велс против Роџер Федерер, а потоа го откажа настапот во Мајами, но се пријави за турнирот во Монте Карло, кој се игра од 14 до 21 април.
Шпанецот е рекордер со 11 освоени титули во Монако и со серија од 43 победи во период од 2005 до 2013 година.
На Мастерсот во Мајами ќе учествува и светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ, кој ќе се обиде да ја освои титулата во отсуство на Надал.