Наместо Родригез, нов Колумбиец во Реал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хуан Квинтеро би можел да си ги наплати одличните партии на Мундијалот во Русија и да се пресели во – Реал Мадрид.

Шпанските медиуми шпекулираат дека 25-годишниот плејмејкер може да пристигне како замена за Матео Ковачиќ, за кој се очекува дека ќе го напушти Сантијаго Бернабеу.

Сепак, најголема препрека за овој трансфер е комплицираната ситуација околу сопствеништвото – Ривер Плата има можност да откупи 80% од договорот на Квинтеро, кој е во сопственост на Порто.

За преостанатите 20 проценти не се знае точно, веројатно се работи за некоја менаџерска комбинација која е честа во Латинска Америка.

Наводно се заинтересирани и Тотенхем и Вулверхемптон.

Квинтеро во групната фаза забележа три асистенции и еден погодок и така ја превзема главната улога во Колумбија од Родригез, кој сега не го сака ни Баерн.