Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трагичната смрт на Емилијано Сала го потресе фудбалскиот свет, а навивачите на Нант на аргентинскиот напаѓач му посветија разни обележја на своите натпревари.
Причината за казната се баклите запалени во чест на Аргентинецот. Тоа на раководството на лигата им попречи, па ги казнија со нешто повеќе од 20 илјаси евра.
Нешто повеќе од 16 илјади евра е казната за мечот против Сент Етјен одигран на 30. јануари. Тоа беше прв меч по исчезнувањето на Сала, додека остатокот од казната за запалувањето на баклите се од дуелот против Нимес.
Навистина е неверојатен потегот на раководството на Лига 1, бидејќи не се работеше за никакво насилно однесување на трибините, туку се оддаваше почит на трагично настраданиот фудбалер.
За потсетување, Емилијано Сала исчезна на 21. јануари кога тргна за Карсиф, за да се придружи на новиот тим. Авионот со кој патуваше падна во Англискиот канала, а неговото тело е пронајдено на 6. февруари на 67 метри длабочина.
Десет дена подоцна, Сала е погребан во Аргентина, но во Нант никогаш нема да го заборават.