Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нант утре игра на домашент терен против Ним во натпреварот од 24. коло од француската Лига 1, која ќе биде во знакот на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала.
Сала првиот дел од сезоната го одигра во Нант, но потоа потпиша за Кардиф, меѓутоа на пат кон Велс авионот се урна во Ламанш и по две недели беше пронајдено телото на Аргентинецот.
Смртта на фудбалерот го потресе светот, а тоа посебно се однесува на фудбалерите и навивачите на Нант.
Нант утрешниот меч ќе го посвети на Сала, кој така влезе во легендите на францускиот клуб. Беше решено бројот девет да биде повлечен од употреба, а исто така цената на сите влезници ќе изнесува само девет евра. Секако, во знак на бројот, кој го носеше аргентинскиот напаѓач.