Наполи го купува мексиканскиот репрезентативец за кого интерес има од Барса и Манчестер Јунајтед


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ пренесува дека од таборот на Наполи се блиску до трансферот на мексиканската ѕвезда од редовите на ПСВ, Хирвинг Лозано.

За мексиканскиот фудбалер постои сериозен интерес од неколку европски екипи, а во минатото Лозано се поврзуваше и со трансфер во Манчестер Јунајтед и Барселона.

За неговите услуги од Наполи на холандскиот клуб ќе треба да му платат сума од околу 35 милиони фунти.