Наполи договори трансфер на фудбалер од Болоња


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи го договорил Симоне Верди како прво засилување за јануарскиот преоден рок.

Според наводите на „Медиасет Премиум“, Де Лаурентис лично го договорил трансферот на Верди со челниците на Болоња. Доколку се биде во ред и крилниот фудбалер премине во Наполи, Болоња за него ќе добие 24 милиони евра.

Наполи овој потег го повлекува по најавите дека Дрис Мертенс ќе си замине од клубот и ќе се пресели во редовите на Арсенал, како што вчера пренесоа некои англиски медиуми.

25 годишниот Верди на 20 натпревари во дресот на Болоња оваа сезона има запишано шест голови и пет асистенции.