Наполи договори фудбалер кој ќе им го донесе Скудетото!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карло Анчелоти има големи планови со екипата на Наполи, па наводно се договорил со претседателот Аурелио Де Лаурентис да ангажира фантастичен напаѓач.

Всушност, Анчелоти планира да го врати Едисон Кавани во Неапол, а Уругваецот е подготвен на таков потег и сака да се откаже од големата плата во Париз, а причина се неговите деца кои живеат во италијанскиот град.

Најверојатно нема да има никакви пречки да се реализира трансферот бидејќи Кавани има 31 година, а Наполи е подготвен да плати 30 милиони евра за да го врати.

Од друга страна, Анчелоти смета дека Милик не  фудбалер, кој гарантира погодоци, па очекува дека со Кавани ќе биде различна ситуацијата и ќе им донесе голови, кои ќе ги доближат до титулата во италијанскиот шампионат.