Наполи исполни 2 големи барања на ѕвездата – Следува ли потпис на договор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми известуваат дека Инсиње постигнал договор со управата за потпишување на нов договор.

Инсиње наскоро би требало да потпише нов, 5-годишен договор кој би го оставил во Наполи до 2022 година, а според кој ќе заработува 4.1 милион евра.

Освен тоа, Инсиње имаше уште еден услов кој му е исполнет, а тоа е во договорот да нема откупна клаузула.

Де Лаурентис сакаше да вгради клаузула од 100 милиони евра, но од тоа нема да има ништо.

Откако Наполи го исполни ова, остана само да се стави потпис на новиот договор.

Инсиње ја игра најдобрата сезона во кариерата и на 42 натпревари постигна 16 голови и 10 асистенции.