Наполи и Анчелоти: Луда реконструкција во која се вклучени осуммина стандардни во тимот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По елиминацијата од купот и Лигата на шампионите, на Наполи му остана да се надева дека -11 во однос на Јувентус не е недостижно, иако не е реално, но останува Лига Европа.

Во секој случај, денес во последниот ден од преодниот рок нема да направат ништо значајно, можно е Јунес да замине во Селта на позајмица, а Наполитанците работат на доведувањето на Кујин од Киево кој на лето би требало да го засили клубот, како и Бенасер од Наполи.

Инаку, на лето следува вистинска револуција.

Прва мета е Чаки Лозано, но Мексиканецот ќе биде само почеток. Дури седуммина или осуммина играчи сигурно ќе останат под Везув. Тоа се голманот, Мерет, Фабијан Руиз, Кулибали, Зјелински, Инсиње, Милик, со Мертенс и Калјехо ќе биде разговарано за редефинирање на договорот или евентуална продажба.

Можно е да замине и Албиол, а директорот Џунтоли веќе низ редови најави продажба на Алан кој оваа зима беше доста блиску до ПСЖ.

Ќе следуваат неколку поголеми купувања, Наполи има средства, прашање е само кои играчи Анчелоти може да ги привлече.

И да, на крајот Хамшик сепак ќе остане до лето, но сигурно е дека во јуни ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Кина.