Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Екипата на Наполи забележа неочекувано реми против последно пласираната екипа во Серија А, Киево.
Во натпревар полн со прилики немаше погодоци, а ремито на Наполи е еднакво на пораз затоа што сега избраниците на Анчелоти заостануваат зад Јувентус цели осум бодови.
Емполи ја совлада Аталанта во феноменален натпревар со пет погодоци (3:2), додека Болоња и Фиорентина исто така ремизираа без голови.
Во 18:00 часот на програмата е дербито на колото во Серија А помеѓу Лацио и Милан.