Наполи најде ново засилување во Холандија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иранскиот репрезентативец Алирез Јаханбакш е блиску до Наполи, пишуваат медиумите од Италија.

Во актуелната сезона, 24-годишниот фудбалер на АЗ Алкмар игра фантастично, па во моментов е нивни најдобар стрелец.

Агентот на напаѓачот, Амир Хашеми потврди дека има интерес, но немало ништо официјално.

„Не можам да кажам ништо официјално, но знам дека Наполи го следи некое време. Слушнав за два-три скаути кои доаѓаат да го гледаат, но засега толку смеам да кажам“, вели неговиот агент.