Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата средба од 11. коло од Серија А беше одиграна на „Сан Паоло“ каде Наполи со високи 5:1 славеше против Емполи.
Јунак на средбата беше Дрис Мертенс со три погодоци, а одличен натпревар одигра и Калиду Кулибали.
Домаќините стигнаа до водство уште во 9. минута кога погоди Инсиње. До крајот на првиот дел уште една топка заврши во мрежата на Емполи, а првиот гол на натпреварот го постигна Мертенс.
Гостите од Тоскана се вратија во игра во 58. минута преку Капуто. Но, тоа беше се од Емполи затоа што само шест минути подоцна Мертенс ја врати предноста од два гола на Наполи. Белгиецот во судиското продолжение го комплетираше хет-трикот, а пред самиот судиски свиреж гол постигна и Аркадиуш Милик.