Наполи ќе ги брка „бепслатните“, еден од нив го пикираа во Барселона..?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот кој останува без договор на крајот од оваа сезона може да ги засили редовите на Наполи.

Од месец јануари сите кои ќе останат без договор на крајот од сезоната имаат право да преговараат со други екипи и да договараат трансфери по Босмановото правило.

Еден од нив е и Мунир Ел Хадади, фудбалерот на Барселона кој оваа сезона остана во тимот и не замина на позајмица како што беше случај во изминатите две години, кога ги бранеше боите на Аалавес и Валенсија.

Наполи би можел да го доведе во своите редови, како што се наведува постојат контакти, но италијанскиот клуб не е единствен кој би можел да го донесе во своите редови.

Овој напаѓач дефинитивно нема да го продолжи договорот со Барселона, ќе ги разгледа со својот менаџер сите опции, а во Наполи се надеваат дека нивната понуда ќе биде најдобра за него.