„Направив се што треба за да ја добијам Златната топка“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Играчот на Реал Мадрид денес изјави дека направил се што е потребно за да ја добие оваа награда.

    Роналдо минатата сезона постигна 51 гол на 48 натпревари за Реал, вклучувајќи и 16 голови во 12 натпревари во ЛШ, каде што ја освои титулата со Реал. Исто така, тој со репрезентацијата на Португалија го освои ЕП во Франција ова лето, а на турнирот постигна 3 голови.

    Роналдо го критикуваа медиумите за слабите игри на почетокот на сезоната, а тој вчера го постигна својот 39-ти хет-трик во дресот на Реал, во победата против Атлетико.

    „Направив се како што треба. Ја освоивме ЛШ, го освоив ЕП со Португалија. Гласањето не зависи од мене и не сакам да се занимавам со тоа. Но, ако ме прашате дали сакам да ја освојам наградата, ќе ви кажам дека сакам. Оваа година беше одлична за мене. Нема сомнеж дека тоа ми беше најдобра сезона во кариерата.“

    Кристијано Роналдо три пати беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, 2008, 2013 и 2014 година, а ФИФА во јануари ќе го прогласи најдобриот играч за 2016-та годин.