„Направивме се со цел да ги избегнеме пеналите“

Фудбалерите на Јувентус се поразени денеска во финалето на Суперкопа Италија од Милан после пенали.

Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри беше незадоволен после мечот и порача дека неговата екипа на сите начини пробуваше да избегне пенали.

„Направиме се со цел да избегнеме пенали. Имавме доста мечеви во оваа сезона и уморот нас може да ни претставуваше проблем. Бев присилен на две измени на жал“, рече Алегри.

Јуве истотака загуби во Доха во 2014 година и тоа баш после пенали од Наполи.

„Загубивме два пати во Доха, се надевам дека третиот пат ќе биде подобро. Ние преферираме да го играме овој натпревар пред почетокот на сезоната, а не во декември.

Сепак, фактот дека сме на врвот на Серија А, дека ја завршивме групната фаза од ЛШ на првото место,и дека денеска останавме непоразени на теренот, а во текот на пенал серија се е можно“, рече Алегри.